ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКИ ПРИГОВОР ДО ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје
Потрошувачки приговор е секоја претставка или поплака со која што потрошувачот пријавува повреда на правата што ги има согласно Законот за заштита на потрошувачите, кој го доставува до трговецот ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје.
Потрошувачки приговор може да поднесе секое физичко лице кое набавува стоки или користи услуги од ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје, за цели што не спаѓаат во рамките на неговата трговска, деловна, занаетчиска или професионална дејност.
Потрошувачки приговор може да се поднесе на еден од следните начини :
1.писмено на адреса на ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје, ул.Васил Ѓоргов бр.16/1 мансарда 1 , 1000 Скопје
2.на официјалниот е-маил:pravna.sluzba@tinex.com.mk
3.усно на записник во седиштето на ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје на, ул.Васил Ѓоргов бр.16/1 мансарда 1 , 1000 Скопје, кај лице овластено да прима потрошувачки приговор.
Потрошувачкиот приговор треба да содржи:
-Име, презиме и адреса на поднесувачот
-Субјектот на кој се однесува приговорот
-Предмет на приговорот
- Прецизен опис на барањето
-придружна документација која е потребна при разгледување на приговорот
Анонимните потрошувачки приговори нема да се разгледуваат
Доколку потрошувачкиот приговор се доставува електронски придрушната документација треба да се испрати скенирана во прилог на електронската порака
ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје е должен да го евидентира потрошувачкиот приговор , да го разгледа и земе во работа, соодветно да постапи и да му одговори на поднесувачот за основаноста и резултатите од постапувањето во рок од 15 дена од приемот.
РЕКЛАМАЦИЈА
КУПЕНАТА ТРГОВСКА СТОКА КОЈА НЕ Е СООДВЕТНА ВО ОДНОС НА ФОРМАТА, ГОЛЕМИНАТА, МОДЕЛОТ,БОЈАТА, БРОЈОТ ИЛИ ОД ДРУГА ПРИЧИНА МОЖЕ ДА СЕ ЗАМЕНИ СО СТОКА КОЈА ИМА СООДВЕТЕН КВАЛИТЕТ, ВО РОК ОД 15 ДЕНА СМЕТАНО ОД ДЕНОТ КОГА СТОКАТА МУ Е ПРОДАДЕНА НА ПОТРОШУВАЧОТ.
ЗАМЕНАТА НА СТОКАТА СО СООДВЕТЕН КВАЛИТЕТ СЕ ВРШИ АКО СТОКАТА НЕ БИЛА УПОТРЕБУВАНА, АКО СЕ СОЧУВАНИ НЕЈЗИНИОТ ИЗГЛЕД, УПОТРЕБНИ СВОЈСТВА, ПЛОМБИ И ФАБРИЧКИ ОЗНАЧУВАЊА, КАКО И ФИСКАЛНАТА СМЕТКА ШТО НА ПОТРОШУВАЧОТ МУ БИЛА ИЗДАДЕНА.
АКО ВО МОМЕНТОТ НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ОД СТРАНА НА ПОТРОШУВАЧОТ ТРГОВЕЦОТ ТИНЕКС-МТ НЕМА СООДВЕТНА СТОКА, ПОТРОШУВАЧОТ ИМА ПРАВО , ПО СВОЈ ИЗБОР ДА БАРА ВРАЌАЊЕ НА ПЛАТЕНИОТ ИЗНОС ИЛИ ДА ЈА ЗАМЕНИ СТОКАТА СО ДРУГА СООДВЕТНА СТОКА КОГА ТРГОВЕЦОТ ТИНЕКС-МТ ЌЕ РАСПОЛАГА СО ТАКВА СТОКА.ТРГОВЕЦОТ ТИНЕКС-МТ ЌЕ ГО ИЗВЕСТИ ПОТРОШУВАЧОТ КОЈ БАРАЛ ЗАМЕНА НА СТОКАТА ДЕКА РАСПОЛАГА СО ТАКВА СТОКА ВО РОК ШТО НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОДОЛГ ОД 30 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ПРИЕМОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ЗАМЕНА НА СТОКАТА.
ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје