Убавиот мирис буди сеќавања. Изберете парфем кој најдобро го отсликува вашиот карактер и по кој луѓето ќе ве пропознаваат. Во продолжение ви претставуваме неколку парфеми кои ќе ве освојат со својата уникатност и ќе оставите впечаток кај сите што ќе го намирисаат вашиот парфем. Подгответете се за многу комплименти и однапред спремете го одговорот на прашањето „Кој парфем го користиш?“
Epic Man од Amouage е килибарно дрвенест мирис за мажи лансиран во 2009 година.
Горните ноти се розев бибер, олибан, шафран, морско оревче, кардамон, ким и мирта
Средните ноти се мускатен орев и Гераниум;
Основните ноти се темјан, агар дрво (уд), кожа, кастореум, пачули, кедар, сандалово дрво, стиракс и мошус.
Sensual од M. Micallef е килибарен цветен мирис за жени и мажи лансиран во 2016 година.
Горните ноти се лимон, морско оревче, галбан и грejпфрут.
Средните ноти се цвет од портокал и јасмин.
Основните ноти се ванила, мошус и сандалово дрво.
Wild Pears од Montale е ароматичен овошен мирис за жени и мажи.
Wild Pears беше лансиран во 2011 година.
Горните ноти се Круша и Бергамот.
Средните ноти се каранфилче и крин.
Основните ноти се ванила, мошус и сандалово дрво.
Velvet Love oд Dolce&Gabbana - Повторно откривање на една од најстарите есенции на парфимеријата: каранфилот чие потекло е во Белаџо, на езерото Комо, каде што во 18 век се одгледувал за аристократијата од тој период.
Зачинети навестувања на црн бибер од Мадагаскар и нежна прегратка на Иланг-Иланг.
Iris de Syracuse од Boucheron е цветен дрвенест мошус мирис за жени и мажи лансиран во 2017 година.
Горните ноти се круша, бибер и мандарина
Средните ноти се ирис, хелиотроп и јасмин;
Основните ноти се бел мошус, ванила и пачули.
Comments