top of page

Што сè треба да знаете за накитот?

Генерално се смета дека го носат само жените. Точно е дека повеќе го носат тие, но и мажите понекогаш носат ланче, прстени, обетки и др.

За накитот, како и за повеќето работи во животот, постојат правила, односно таканаречена „култура на накит“ .




Еве што би било добро да се знае:

Накитот последен се облекува а прв се симнува;

Задолжително извадете го пред спиење и капење.

Чувајте го во фини кутии обложени со меки материјали кои ќе го заштитат од оштетување.

И покрај тоа што ве разубавува, накитот не се носи при одење во козметички салони, бидејќи може да дојде во контакт со хемикалии кои ќе го оштетат.

Исто така, не се носиза време на рекреација или на плажа, бидејќи потта и кремите можат да го оштетат.

Од време на време, накитот мора да се чисти и полира со соодветни средства за чистење.


Кога станува збор за носење накит, препорачливо е никогаш да не носите повеќе парчиња накит во исто време, без разлика дали се на вратот, на раката или на прстот – во спротивно ќе изгледате како елка.

Секогаш треба да внимавате кога правите комбинации од повеќе парчиња накит, земајќи го предвид нивниот дизајн, материјалот од кој е изработен како и вградените камења.


Што се однесува до девојките, препорачливо е во кутијата за накит секогаш да имате сребрен накит како и бисерно ланче и обетки. Тоа е едноставно класика и не излегува од мода, поради едноставниот и ненаметлив изглед, кој е секогаш е елегантен.

Секогаш кога сте во можност купете парче дизајнерски накит, или накот со вистински камења (дијаманти, сафири, смарагди, рубини, во поевтина верзија со циркони и полу-скапоцени камења).


Секогаш е добро да се купи квалитетн накит во Cosmo. Во продолжение ви претставуваме мал дел од големиот избор на уникатни парчиња накит од познатите светски брендови:





































152 views0 comments
bottom of page